17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИVodafone отпушта 1.300 работници

Vodafone отпушта 1.300 работници

voda_2655827b

Шпанската филијала на британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ соопшти денес дека ќе укине 1.300 работни места бидејќи по купувањето на најголемиот шпански кабловски оператор „Ono“ настојува да го намали бројот на работната сила.

Во соопштението се наведува дека преговорите со претставниците на работниците ќе бидат одржани на 1 септември.

„Vodafone“ во март минатата година се согласи на купување на „Ono“ за 7,2 милијарди евра.

Оваа компанија има околу 6.000 вработeни, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП