8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБитката продолжува! Volkswagen за „влакно“ пред Toyota

Битката продолжува! Volkswagen за „влакно“ пред Toyota

folski

Во првото полугодие германскиот концерн продал 5,04 милиони автомобили, додека „Toyota“ има пласирано 5,02 милиони возила.

До првото место меѓу најголемите автомобилски производители во светот барем во првите шест месеци од годинава, германскиот концерн „Volkswagen“ успева да се наметне пред најблиските конкуренти. Иако компанијата со седиште во Волфсбург има послаба продажба, таа се справува генерално добро, имајќи ги во предвид сите други посериозни падови, пренесува „Bloomberg“.

Иако има некои слабости во продажба во текот на првите шест месеци од годината, „Volkswagen“ стана најголем производител на автомобили во светот. Европскиот лидер го престигна по продажбата својот јапонски ривал „Toyota“.

Во оваа фаза триумфот сепак се должи во голема мера на слабостите во „Toyota“. До крајот на јуни оваа година компанијата продаде 5,02 милиони автомобили од марките „Toyota“, „Daihatsu“ и „Hino“, соопшти концернот. Тоа е пад од 1,5 отсто на годишна основа.

Кај „Volkswagen“ со неговите 12 брендови, продажбата во првите шест месеци опаѓа за 0,5 проценти или на 5,04 милиони автомобили, соопшти „VW“. Американскиот концерн „General Motors“, кој е трет производител по продажба, стагнира на ниво од 4,8 милиони возила.

„Volkswagen“ го искористи поволниот тренд во Европа, каде што на пазарот на нови автомобили се движи со побрзо темпо во последните 5 и пол години, ублажувајќи го ударот од доцнењето во Кина, најголемиот пазар за компанијата.

За да ја постигне својата поставена цел во 2007-ма година – да стане најголем производител на автомобили во светот, „Volkswagen“ ќе треба да издржи на падот на побарувачката предизвикан на самиот пазар во Кина и конкуренцијата од евтини кросовер модели од кинеските марки.

Економскиот развој во Кина, сепак дава се почесто повод на експертите од индустријата да размислат за иднината на германскиот концерн. Во првата половина на годината „VW“ продал во земјата за 3,9% помалку автомобили, отколку една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП