3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil забележа повисока добивка од очекуваната

Statoil забележа повисока добивка од очекуваната

statoil-oct

Најголемата норвешка компанија за експлоатација на нафта и гас „Statoil ASA“ изјави дека приспособениот профит по даноците се намалил за 27% во вториот квартал по падот на цените на нафтата, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката без финансиски и други ефекти се намалила до 7,2 милијарди круни (882 милиони долари) од 9,9 милијарди круни во минатата година, соопштија од компанијата. Профитот сепак ја надминува просечната оценка од 5,5 милијарди круни до 20-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

„„Statoil“ претставува охрабрувачки оперативни резултати со подобар раст на производството и висока регуларноста, додека во исто време ги намалува трошоците. Финансиските резултати се условени од добивката од продажба на средствата и пониските цени“, изјави главниот извршен директор Елдар Шаетре.

„Statoil“ и нејзините конкуренти, како „Royal Dutch Shell Plc“ и „Total SA“ ги ограничуваат инвестициите и оперативните трошоци, откако цените на нафтата паднаа за речиси 50% во последните 12 месеци. „Statoil“, која добива над 70% од норвешката нафта и гас, изјави претходно во текот на годината, дека ќе ги намали трошоците за 10% во 2015-та година и ќе отпушти илјадници работници во трите години по 2016-та година.

Компанијата од која норвешката држава поседува 67%, ќе плати 1,8 круни по акција дивиденди за акција, откако во февруари изјави дека ќе ја задржи исплатата на ова ниво за првите три квартали од годината и покрај ниските цени на нафтата. Компанијата го зголеми долгот и продава имот за да си дозволи исплата на дивиденди и инвестиции во следните неколку години.

Производството на нафта во текот на кварталот се зголеми за 4% до 1,87 милиони барели на ден во однос на истиот период од минатата година, изјави компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП