22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus го претстави обновениот IS (фото)

Lexus го претстави обновениот IS (фото)

is lex

„Lexus“ го претстави обновениот модел „IS“, кој е опремен со нов мотор за подостапната верзија. Освен тоа веќе се нуди и нова модификација со погон на четири тркала.

На изглед моделот „Lexus IS“ за 2016-та година речиси не се разликува од претходникот, бидејќи од овој производител големо внимание посветиле на техничките промени.

is lex1

Досега најслабата модификација се потпираше на атмосферски 2.5-литарски бензински мотор со 208 КС, но веќе неговото место е окупирано од 2,0-литарски турбо мотор со 241 КС. Ова води и до промена на името на верзијата – од „IS 250“ во „IS 200t“.

Во палетата на моделот е вклучена и модификација „IS300 AWD“, под чиј капак е поставен „V6“ мотор со зафатнина од 3,5 литри и моќност од 255 КС. Тој работи со 6-брзински автоматски менувач. Помоќната варијанта на овој мотор со 306 КС, е достапна за верзиите „IS350“ и „IS350 AWD“, а кај нив тој се комбинира со 8-степен автоматски менувач.

is lex2

Покрај двата мотори, „Lexus IS“ го доби и опционалниот пакет „Premium Plus“, кој вклучува прилагодлива висина и длабочина на воланот, брисачки со сензори за дожд и системот „Lexus Enform Service Connect“, кој на сопственикот му нуди различни информации за возилото на инструмент панелот.

За сите модификации на седанот се достапни и за спортскиот пакет „F Sport“, кој вклучува агресивни елементи на каросеријата, уникатни 18-инчни тркала од лесна легура, како и наштимана суспензија.

is lex3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП