7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВино на Камник со престижни меѓународни награди

Вино на Камник со престижни меѓународни награди

vino-kamnik

Винаријата Камник во понедленикот соопшти дека нејзиното премиум црвено вино„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“освои три значајни признанија на два високорангирани меѓународни натпревари.

Две големи признанија за ова вино пристигнаа во февруари од Израел. Станува збор за престижните двоен златен медал и за големиот меѓународен шампионски трофеј освоени на „Теравино 2015“, Израел (ТerraVino 2015 – Mediterranean International Wine & Spirit Challenge, Israel). Овој вински натпревар, кој е еден од главните меѓународни натпревари на годишнo ниво во Израел, се одржа во Нетанја под покровителство на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), со учество на примероци на вино од 29 земји во светот и меѓународен тим од еминентни судии.

Златен медал за „Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“ пристигна и од најважниот вински настан во Романија, „Меѓународниот вински натпревар Букурешт 2015“ (International Wine Contest Bucharest 2015 – IWCB) кој се одржа кон крајот на мај, исто така под покровителство на реномираната Меѓународна организација за лозарство и винарство (OIV). На овој вински натпревар учествуваа примероци на вино од 27 земји во светот оценувани од судии од Швајцарија, Израел, Молдавија, Италија, Русија, Србија, Австралија, Австрија, Полска, Португалија, Франција, САД.

„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011“, вино добиено од сортата „Cabernet Sauvignon“, е вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Вкусот е полн, хармоничен, со цврста структура, импресивни и нагласени танини и продолжен пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм. Специфичноста и посебноста на ова вино се должат на неговото одлежување во нови барик буриња од француски и американски даб во тек на 31 месец. Особено важно за ова вино е да се истакне дека има одличен потенцијал за зреење во шише.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП