5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонските компании учествуваа на револуционерниот тим билдинг проект: Освојување на Монт Еверест

Македонските компании учествуваа на револуционерниот тим билдинг проект: Освојување на Монт Еверест

мак-ком

Seavus едукативниот и развоен центар (SEDC) во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест, која е револуционерен чекор во организациското однесување, а на еднодневен настан на кој се симулираше играта учествуваа повеќе македонски банки, ИТ и производствени компании.

Промените на деловното окружување кои рапидно и со динамика се случуваат на пазарот, создаваат неминовна потреба од прилагодувања во внатрешните процеси и односи на компаниите. Во таа насока, особено се важни комуникациските односи меѓу вработените, задржувањето на ентузијазмот, пристапот кон работата и односот индивидуа – тим.

Паралено со динамичните промени на пазарот, во внатрешните системи на светските компании се воведува играта, поточно доаѓа до таканаречена гејмификација на процесите со силно потенцирање на принципот заслужи и доби.

Следејќи ги овие два паралелни тренда, Seavus Едукативниот и развоен центар во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест, која е револуцинерен чекор во организациското однесување.

Играта вклучува елементи на стратегија, планирање, компромис, калкулација на ризик, тимско и индивидуално одлучување, искуствено учење и многу забава. Досега е преземена од бројни светски компании, како IKEA, Microsoft, BOCSH, SONY, Coca-Cola и многу други.

Со цел распространување во промоцијата и симулација на играта Освој го Монт Еверест, Seavus Едукативниот и развоен центар во соработка со ДООР Македонија организираше едно дневен настан со повеќе македонски банки, ИТ и производствени компании на кој се симулираше играта. Преставниците од компаниите имаа можност да искусат комплетно нов пристап во тим билдингот и да уживаат освојувајќи го Монт Еверест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП