8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPearson планира да ги продаде и акциите во The Economist

Pearson планира да ги продаде и акциите во The Economist

ekonomist 333

Издавачката компанија „Pearson“ ги потврди плановите да го продаде својот 50 процентен удел во „Economist Group“.

Изјавата од компанијата дојде само неколку дена откако беше објавена продажбата на „Financial Times“ на јапонската „Nikkei“.

Од „Pearson“ објавија дека се во дискусии за продажба на „The Economist“, но „нема сигурност дека овој процес ќе доведе до договор“.

Од компанијата не ги именува потенцијалните купувачи, но семејството Ањели од Италија се изјасниле дека се во преговори за зголемување на учеството во групацијат, пренесе „ВВС“.

„EXOR“, инвестициската поделба на семејството Ањели, во моментов држи удел од 4.72% во „Economist Group“.

Компанијата изјави на својата веб-страница дека секое зголемување на инвестициите ќе „претставува малцински удел во „The Economist“ … одразувајќи го силниот ангажман на „EXOR“ за уредувачката независност, која лежи во основата на етиката и успехот на „The Economist““.

Од „EXOR“ исто така, нагласија дека нема безбедна трансакција.

Другите акционери во „The Economist Group“ ги вклучуваат семејните династии Кедбери, Ротшилд и Шредер.

„The Financial Times“ соопшти дека 50 процентниот удел се проценува на 620 милиони долари (564 милиони евра) и дека продажбата најверојатно да се случи во текот на летото.

„The Economist Group“ го вклучува списанието „Economist“, компанија за истражување „Тhe Economist Intelligence Unit“ и добавувачот на законодавните информации во САД, „CQ Roll Call“.

Во четвртокот „Pearson“ се согласи да го продаде „Financial Times“, како дел од стратегијата на групацијата да се фокусира само на образовните програми.

„Pearson“ се стекна со удел во „The Economist“ во 1957-ма година како дел од купувањето на „Financial times“. Евентуалната продажба ќе мора да биде одобрена од раководството на „The Economist Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП