Битката во најниската ценовна класа продолжува да станува се пожестока, а откако кинескиот производител „Huawei“, забележа раст на продажбата од 39% во вториот квартал, не сака да заостанува во ниту една ценовна класа.
Компанијата планира да претстави нов евтин модел, кој според информациите кои се појавија на Интернет ќе се нарекува „Y6 Scale“. Стартната цена се очекува да е 150 евра, а неговото претставување се очекува да се случи на 30-ти јули.
Меѓу карактеристиките на смартфонот се процесор „Snapdragon 210“, како и 5-инчен дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели. Оперативната меморија се очекува да е 1 GB, а внатрешната – 8 GB. Батеријата се очекува да има капацитет од 2200 mAh.
Во однос на камерата моделот „Y6 Scale“ најверојатно ќе е со 8 мегапикселна задна камера и 2 мегапикселна предна. Тој ќе има способност за работа во 4G мрежи. Дефинитивно на моделот нема да му е особено лесно во конкурентската борба со Lenovo, затоа што во оваа класа се наоѓа „K3 Note“.
Тој се одликува со поголем и подобар дисплеј од 5.5-инчи со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и заситеноста од 401 точки по инч, оперативниот систем е Android 5.0 Lollipop, и 64-битен осум јадрен „MediaTek“ процесор. Камерите се исто така добри, па задната е 13-мегапикселна, а и батеријата е со моќност од 3000 mAh.