2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлавоболка вредна 181 милијарда долари

Главоболка вредна 181 милијарда долари

apple

Готовината на компанијата „Apple Inc.“ надмина 200 милијарди долари прв пат во историјата, додека процентот на пари надвор од матичната држава достигна удел од 90%, што би можело да донесе главоболки на Извршниот директор, Тим Кук.

Со прилично слабата продажба на „Apple Watch“, смартфонот „iPhone“ продолжува да биде „кеш машина“ за зарботка на компанијата, а се почесто можат да се слушнат поплаките на големите инвеститори, како на пример Карл Ајкен, „Apple“ да пронајден начин да го врати капиталот на акционерите назад во САД.

Постетуваме, Тим Кук беше повикан од страна на американскиот Конгрес во 2013-та година со цел да ја „брани“ стратегијата на компанијата во поглед на користењето на даночните „раеви“ и во тоа време готовината во овие места достгинуваше 70%, додека денеска е веќе 89% oд вкупно 202,8 милијарди долари.

Интересен е податокот дека трошоците на компанијата за лобирање достигнаа рекордни 4,1 милиони долари, што практично е многу „добра инвестиција“ со оглед на избегнувањето на оданочувањето во матичната земја.

Според моменталниот закон во САД, американските компании плаќаат стапка на корпоративен данок од 35%, што е најмногу од сите индустријализирани држави, на сите приходи кои се остварени ширум светот. Поради овој данок, компаниите го изнесуваат профитот во држави со пониски стапки на данок за приходите, а како резултат на тоа, милиони американски компании се наоѓаат во други држави. Според податоците, „Apple“ минатата година на име на данок на американските власти им исплати 10 милијарди долари.

Најголем раст „Apple“ бележи во Кина, каде продажбата достигна 13,2 милијарди долари во последниот квартал, што е двојно повеќе во однос на истиот квартал од минатата година.

Во април, компанијата објави програма за враќање на капиталот во вредност од 70 милијарди долари со раст на авторизацијата на програмата за откуп на сопствените акции во износ од 50 милијарди долари и зголемување на дивидендата од 11%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП