19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и кредиторите: Почнува пазарењето

Грција и кредиторите: Почнува пазарењето

greece

Претставници на кредиторите и Грција денес во Атина ќе разговараат за третиот пакет помош за земјата, соопштија претставници на Европската комисија и ММФ.

,,Тимови ќе пристигнат во Атина во понеделник и состаноци одма ќе почнат”, соопшти портпаролот на Европската комисија.

Во Атина доаѓаат претставници од Европската унија, Европска централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Исто така ќе дојдат и официјални претставници на Европскиот механизам за стабилност и Фондот за финансиска помош на еврозоната.

Конечниот договор мора да биде одобрен од страна на пратениците во Грција, како и дел од членките на еврозоната, и овој процес би можел да трае и повеќе од една недела.

Грчката влада на 13 јули се согласи со мерките за штедење во замена за тригодишен пакет за финансиска помош во износ од 86 милијарди евра, што е трет програм за спасување во последните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП