21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите славеа над Данска

Одбојкарите славеа над Данска

odbojkarite

Одбојкарската репрезентација на Македонија славеше над Данска со 3:1 (25:16, 22:25, 25:18, 26:24) во рамките на Европската лига.

Со оваа победа, а во пресрет на двомечот со Австрија, Македонија ги задржа шансите за освојување на второто место во А групата.

За разлика од првиот меч кој Македонија го загуби со 2:3 (27:29, 25:18, 25:18, 22:25, 16:18), во вториот избраниците на селекторот Ристовски одиграа многу подобро, концентрацијата не беше на посакуваното ниво само во вториот сет, но на крајот славеа со 3:1 и освоија три важни бода.

Во пресрет на двомечот со Австрија, наредниот викенд во Скопје, Македонија го дели второот место на табелата со селекцијата на Полска, еден повеќе од Австрија, Данска има пет бодови, Израел е последен со три бода, додека неприкосновен лидер на табелата е Естонија со 17 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП