20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry во иднина ќе претставува до два смартфони годишно

BlackBerry во иднина ќе претставува до два смартфони годишно

blackberry telefoni

Без оглед што и да се обиде да направи раководството на „BlackBerry“, никако да успеат да се вратат на патот на старата слава, кога бизнис елитата масовно ги користеше нивните уреди.

Во последнава година, „BlackBerry“ со тешки маки успева да плива во водите во кои владеат двајца силни играчи – „iOS“ и „Android“.

Покрај тоа, последниве години „BlackBerry“ помалку ја менува својата бизнис тактика во надеж дека токму таа промена во работењето ќе биде таа вистинската која ќе ги намали финансиските загуби. Но, засега тоа не ми оди според планот. Поради тоа не е за чудење што компанијата полека го насочува своето внимание кон софтверот, за разлика од хардверот.

Во едно интервју првиот човек на „BlackBerry“ – Џон Чен изјави дека ја разгледуваат можноста компанијата во иднина да го намали бројот на уреди кои ќе ги претстави во текот на годината. „BlackBerry“ моментално годишно претставува околу четири нови модели, а во иднина тој број би требало да изнесува максимално два.

Се чини дека овој пат Чен се обидува да ги копира бизнис моделите на „Apple“. Но, како тоа ќе се одрази на самиот „BlackBerry“, допрва ќе видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП