22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција официјално побара кредит од ММФ, преговорите со доверителите викендов

Грција официјално побара кредит од ММФ, преговорите со доверителите викендов

mmf grcija eu

Разговорите за новиот трет пакет меѓународна финансиска помош за Грција продолжуваат викендов, откако парламентот во Атина ги изгласа реформите, а грчката влада официјално од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побара нов финансиски пакет.

„Го примивме од грчките власти писмото во кое бараат нов заем од ММФ. Со грчките власти и со европските партнери ќе разговараме за временските рокови и начинот на кој ќе се водат преговорите“, го цитира Reuters соопштението на меѓународната финансиска институција.

Претходно во петокот грчкото министерство за финансии соопшти дека министерот Евклид Цакалотос испратил до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) писмо со бара олеснување на кредитните услови. Во писмото коешто беше објавено доцна ноќта кон петокот се наведува дека Грција се обидува да ја врати својата економија на патот на растот и во врска со тоа побарала нов тригодишен заем од Европскиот механизам за стабилност (ESM), којашто, како што се очекува во Атина, наскоро ќе биде одобрен по преговорите кои се во тек.

Атина е во очекување на пристигнување на претставниците на меѓународните кредитори, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, иако не е прецизирано кога тие би требало да допатуваат.

„Очекуваме од претставниците на тие институции, меѓу нив и на ЕSM, следните денови да допатуваат во Атина“, изјави во петокот портпаролката на Европската комисија.

Подготовките за преговорите веќе траат, а сé уште се решаваат логистички прашања, како што е прашањето каде ќе се водат преговорите, изјавил за германската агенција DPА, извор во Брисел, кој барал да остане анонимен. Извори во грчката влада, пак, за агенцијата изјавиле дека доаѓањето на европските претставници се очекува во петокот навечер, за да може во текот на викендот да започне новиот круг од преговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП