3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOukitel има паметен часовник кој изгледа прилично добро (видео)

Oukitel има паметен часовник кој изгледа прилично добро (видео)

oukitel saat

Доколку сакате врвен паметен часовник, тогаш подгответе минимум 400 долари, но доколку Ви е доволно да е функционален и убав, тогаш може да се најде и нешто многу поповолно.

Кинески „Oukitel“ е релативно нов играч на пазарот на паметни телефони и различни „гаџети“ со кои конкурира со карактеристиките и цената. Нивниот паметен часовник „A28“ работи со „iOS“ и „Android“ оперативните системи, а пристигнува со бројни сензори и опции.

Покрај тоа што ви го покажува времето, „A28“ се грижи за вашето здравје, па така уредот додека спиете го следи квалитетот на сонот, ако подолго време седите, часовникот ќе ве предупреди дека премногу седите па ќе ве потсети дека морате да се „протегнете“, а исто така може да ги следи и вашите спортски активности и чукањето на срцето.

Од „Oukitel“ велат дека уредот има исти сензори за отчукување на срцето како и паметниот часовник на „Apple“, кој може прецизно да го мери ритамот на работата на вашиот најважен орган.

Покрај тоа, со помош на „A28“ можете да реализирате повици, да читате и испраќате „SMS“ пораки, да разгледате различни информации. Како и „Apple Watch“ и „A28“ се вклучува со едно движење на раката, така што само ќе погледнете во часовникот.

Можете да ја контролирате и камерата на вашиот смартфон со помош на „A28“ (само за „Android“), и да добивате нотификации за „Facebook“, „Twitter“, „Skype“, „WeChat“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП