18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот MINI Superleggera ќе стане реалност

Концептот MINI Superleggera ќе стане реалност

super lagera 3

„MINI“ работи на верзија за сериско производство на концептот „Superleggera“, кој би требало да биде конкуренција на моделот на „Mazdа“ – „MX-5“, потврди членот на бордот на „BMW“, Петер Шварценбауер.

„Напорно работиме на тоа овој модел да се појави на улиците. Проектот е полн со економски предизвици и се уште не е донесена конкретна одлука, но имаме група на луѓе кои се борат за него“, вели Шварценбауер за „Autocar“.

Иако, логично, се уште нема технички спецификации, се шпекулира дека автомобилот ќе ја користи „UKL“ платформата со преден погон и дека ќе биде на располагање познатата гама на мотори со три и четири цилиндри.

Исто така, постојат гласини дека „Superleggera“ ќе пристигне и во хибридна верзија и тоа со истиот систем кој се користи во „BMW 2 Active Tourer hibrid“ – а тоа е 1,5-литарски „TwinPower Turbo“ мотор од 100kW кој е поврзан со предните тркала, додека електричниот мотор е задолжен за задните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП