2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France најавува мерки за штедење

Air France најавува мерки за штедење

air france 0033

Бидејќи во првата половина од оваа година прикажа нето загуба од 638 милиони евра, авиокомпанијата „Air France“ најави мерки за штедење, кои подразбираат намалување на општите и административни трошоци од 300 милиони.

Генералниот директор на „Air France“ Александар де Жинак, најави намалување на општите и административни трошоци од 30 милиони евра во тековната година, откако оваа француско-холандска авиокомпанија за првата половина од 2015 година прикажа нето загуба од 638 милиони, три проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Загубата, најмногу е предизвикана од неповолниот валутен ефект, забележан и покрај растот на приходите од 2,4 проценти, на 12,3 милијарди евра, се наведува во соопштението на авиокомпанијата „Air France KLM“, пренесува АФП.

Агенцијата Ројтерс соопшти дека „Air France“ ја намалил прогнозата за проширување на капацитетите за оваа година од 1,1 проценти, како што најави во февруари, на 0,6 проценти, поради падот на активностите во Јапонија, Бразил, и Источна Африка.

Компанијата исто така планира и намалување на долгот од 4,55 милијарди евра, колку што изнесуваше на 30 јуни, на 4,4 милијарди евра на крајот на 2015 година, како и редукција на вкупните трошоци од 1,8 милијарди евра до 2017 година, од кои повеќе од половината се однесуваат на трошоци за персонал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП