6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на Visa скокна за 25%

Тримесечниот профит на Visa скокна за 25%

visa 0303

Профитот на „Visa“ за третиот фискален квартал ги надмина очекувањата со зголемување со 25 отсто, покажува последниот извештај на американската финансиска компанија.

Нето добивката на „Visa“ за изминатото тримесечје достигна 1,7 милијарди долари, или 0,69 долари по акција од класа А, во споредба со 1,4 милијарди долари, или 0,54 долари по акција пред една година.

Исклучувајќи процената кај опција на „Visa Europe“, приспособениот профит на групацијата за последниот квартал достигна 0,74 долари по акција, пренесува „Ројтерс“.

Приходите на компанијата за овој квартал пораснаа за 12% или до 3,52 милијарди долари од 3,16 милијарди долари за истиот квартал од минатата година, благодарение на растот во користењето на услугите на обработка на податоци и меѓународните трансфери.

Аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, очекува компанијата да оствари 0,59 долари по акција при приходи од 3,36 милијарди долари за кварталот.

За целата 2015-та година „Visa“ се уште очекува раст на приходите при постојан курс на доларот со ниска двоцифрена вредност. Новите очекувања сепак се со негативното влијание на токовите и да ја чинат компанијата 2,5 процентни поени од растот во споредба со претходната прогноза за 2 процентни поени негативен ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП