3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Amazon ја зголемија својата вредност за 17%

Акциите на Amazon ја зголемија својата вредност за 17%

amazon fulll

Акциите на „Amazon.com“ поскапеа со над 17%, откако на интернет-трговецот објави изненадувачки профит за изминатиот квартал.

Со растот на акциите на компанијата, пазарната капитализација веќе ја надмина онаа на најголемиот светска трговски синџир – „Wal-Mart Stores Inc“. Акциите на „Amazon“, кои се тргуваа по најниско ниво од 284 долари во октомври минатата година, вчера поскапеа до ниво од 565 долари. Така растот од октомври наваму е речиси 100%.

За изминатиот втор квартал компанијата забележа профит од 92 милиони долари, или 19 центи по акција, во споредба со загубата од 126 милиони долари, или 27 центи по акција пред една година. Приходите пораснаа за 19,9% на годишна основа или до 23.19 милијарди долари. Просечните очекувања на професионалците беа за загуба од 14 центи по акција при приходи во износ од 22.39 милијарди долари.

Зад растот кај акциите до нови рекордни вредности стојат уште добрите прогнози за третиот квартал од годината, во комбинација со силниот раст во бизнисот на компанијата, поврзан со „облак“ технологијата. За последно, малопродажниот синџир забележа добивка во четвртиот квартал од 2014-та година.

„Според мене, менаџментот на „Amazon“ конечно сфатил дека инвеститорите преферираат добивка пред загуба и во голема мера ограничени инвестиции на компанијата“, според Мајкл Пехтер, аналитичар во „Wedbush Securities“.

Ако компанијата го продолжи трендот на одлив на профит, тогаш акциите можат да продолжат да се зголемуваат. Продажбата на компанијата во Северна Америка се зголеми за 25,5% или до 13,8 милијарди долари во вториот квартал на годишна основа. Приходите на компанијата од „облак“ технологијата се зголеми за 81.5% или до 1.82 милијарди долари, придонесувајќи за околу 8% од вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП