2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот смартфон на Sony, моделот Xperia M4 Aqua (фото+видео)

Новиот смартфон на Sony, моделот Xperia M4 Aqua (фото+видео)

aqua m41

„Sony Xperia M4 Aqua“ е најновиот ексклузивен смартфон со пристапна цена од „Sony“. За овој модел е искористен дизајнот на серијата „Xperia Z“.

Уредот е тенок едвај 7.3 мм и има тежина од 136 грама. Тој е исклучително корисен, како за работа така и за забава. Она што го разликува најмногу смартфонот е неговата отпорност на вода и прашина, гарантирана со сертификатот „IP65 / 68“, мултифункционалната камера и дводневниот живот на батеријата.

Клучните карактеристики на „M4 Aqua“ го прават добар избор за љубителите на екстремни искуства или авантуристички патувања. Користниците на уредот може да се сигурни дека нивниот телефон нема да настрада, дури и ако биде навлажен од пороен дожд или користен во прашлива средина.

aqua m4

Авантуристичкиот дух на „Sony Xperia M4 Aqua“ е во комбинација со техничките карактеристики, кои ќе одговараат на очекувањата дури и на најсложените корисници.

Совршената слика е обезбедена од 5.0-инчниот „HD“ дисплеј, а најдобариот квалитет на фотографиите и видео записите е доверен на 13MP камера со автофокус и 5MP предна камера со широкоаголен објектив. Интегрираните моќни технологии од компактни дигитални фотоапарати и интелигентниот режим „Superior Auto“ ја поедноставуваат работата со камерата, а автоматски препознаваат до 52 различни сцени за кадри, дури и при слаба осветленост или силно задно осветлување.

Моделот работи со осумјадрен 64-битен процесор „Qualcomm – SnapdragonTM 615“ и последната верзија на „Android – v5.0“ (Lollipop).

Дводневниот живот на батеријата на „Xperia M4 Aqua“ ја елиминира потребата од редовно полнење. Преку економичните режими „STAMINA“ и „Ultra STAMINA“, нејзината издржливост може да се оптимизира така што цела недела може да се користат основните функции на телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП