28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена мерката на ССК за намалување на казните за компаниите

Усвоена мерката на ССК за намалување на казните за компаниите

sojuz stopanski komori MK1

Иницијативата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за намалување на драконските казни кои беа закана за опстојувањето на бизнисите е усвоена и е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013-та година.

„Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување на можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што вчера ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти“, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.

Со воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примена на информативна, едукативна, па дури потоа санкциона функција сметаме дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одредени законски процедури.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација, во која се здружени и успешно функционираат 9 грански комори од различни сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП