Еден од најпопуларните „стартапи“ од 2013-та година објави дека престанува со својата активност почнувајќи од 15-ти август.
„Frontback“ е апликација која им овозможува на корисниците да направат „селфи“, но со две камери – напред и назад. На овој начин можете да ги снимате, како вашите најблиски, така и самите себе. Потоа апликацијата ги обединува двете слики во една.
Само за еден месец „Frontback“ во 2013-та година имаш преку 200.000 превземања, а меѓу кои беше и Ештон Качер.
Компанијата дури заработи 4 милиони долари, а малку подоцна ги одбива понудите во вредност од 40 и 50 милиони долари од Twitter, за да биде купена.
„Frontback“ често е сметана за конкурент на „Snapchat“. Во канцеларијата на компанијата пак се раскажуваат приказните на „Facebook“ и „Snapchat“, кои исто така се откажувале претходно од предлозите за купување, а потоа стануваат компании кои денес се проценети на 275 и 15 милијарди долари.
Главниот проблем за „Frontback“ е дека луѓето не се враќаат повторно и повторно. Тие правеа по неколку фотографии, но очигледно не им се допаѓаа, сподели поранешниот маркетинг менаџер на компанијата.