8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо македонски возачки дозволи може да патувате во 12 земји

Со македонски возачки дозволи може да патувате во 12 земји

vozacki dozvoli 222

Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, од Министерството за внатрешни работи известуваат дека Република Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија, како и со Австрија (Б категорија).

Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и Германија.

Исто така Министерството за внатрешни работи и на останатите земји од Европа (32) им има доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП