7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Porsche Pajun ќе има домет од 500 км

Електричниот Porsche Pajun ќе има домет од 500 км

e pajun 22

Компанијата „Porsche“ ќе претстави предсериска верзија на електричниот хечбек „Pajun EV“ за време на предстојниот саем во Франкфурт. Тоа го објави весникот „L’Automobile Magazine“ кој откри детали за моделот.

Според извори на весникот, новиот автомобил ќе биде околу 20 см. пократок од моделот „Panamera“, што значи дека неговата должина ќе биде околу 4,8 метри. Тој ќе се нуди само со електричен или хибриден погон, а како негова главна цел ќе биде да се натпреварува со „Tesla Model S“.

Се очекува со едно полнење „Porsche Pajun EV“ да може да мине околу 500 километри, што е за 10 километри повеќе од „Model S“. Истиот агрегат ќе биде понуден и на електричниот кросовер „Audi Q6“, кој исто така се развива во моментов.

Сериската верзија на моделот на „Porsche“ ќе биде готова во 2018-та или 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП