20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Mate 8 ќе биде претставен на 2 септември?

Huawei Mate 8 ќе биде претставен на 2 септември?

humo

Успехот на кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ е неприкосновен. Тој стана најпродаваниот кинески производител, а се очекува да регистрира продажбата во износ од 100 милиони уреди во оваа година.

Во вториот квартал компанијата има продадено за 39% повеќе смартфони во споредба со изминатата година.

Амбициите на „Huawei“ се големи, па во оваа насока се и плановите за претставувањето на најновиот премиум модел на 2-ри септември. Според информациите станува збор за моделот „Huawei Mate 8“.

humo1

Очекувањата се моделот да има 6-инчен дисплеј со резолуција од 1440×2560 пиксели, иако од компанијата порано изјавија дека резолуција од 1080×1920 пиксели е сосема доволна кај смартфоните. За споредба моделот на компанијата „Huawei“, „P8max“ е со 6.8-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели.

Новиот модел се очекува да е тест за „Huawei“, во предвид на тоа дека таа се споменува како еден од двата производители за идниот модел на „Google“ – „Nexus“, кој ќе е со „QHD“ – резолуција.

humo2

Смартфонот се очекува да е првиот опремен со новиот процесор „Kirin 950 SoC“. Најверојатно моделот ќе биде претставен во две варијанти – првиот со 3GB RAM меморија, како и 32 GB внатрешна и вториот со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија.

Задната камерата на смартфонот се очекува да е 20.7 мегапиксели, а предната од 8 мегапиксели. Батеријата најверојатно ќе е барем 4100 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП