28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали ова е новиот Kia Sportage? (фото)

Дали ова е новиот Kia Sportage? (фото)

sportaz

Фотографии од четвртата генерација на „Kia Sportage“ беа објавени од изданието „Autovisie“. Не се споменува дали тоа е сериска верзија или концептуална верзија на возилото.

sportaz1

Судејќи според сликите следната генерација на Kia Sportage ќе добие нова предница со различни светла и изменета решетка на ладилникот. Слики од ентериерот засега нема, но се знае дека во кабината ќе има нов централен инструментален панел и голем екран на допир.

sportaz2

Кросоверот ќе биде опремен со бензински и дизел мотори. Според неофицијалните информации, тоа ќе бидат 1,2-литарски, 1,6-литарски и 2,0-литарски енергетски агрегати од семејството „T-GDI“. Моќноста на моторите ќе се движи од 132 до 245 КС.

sportaz3

Официјалната премиера на новиот „Kia Sportage“ е планирана за автомобилскиот саем во Франкфурт во септември. Продажбата на моделот ќе стартуваат во почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП