16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAnthem е се поблиску до купување на Cigna за повеќе од 48...

Anthem е се поблиску до купување на Cigna за повеќе од 48 милијарди долари

athem cigna

Американската осигурителна компанија „Anthem Inc.“ е се поблиску до купување на својот помал конкурент „Cigna Corp“ за повеќе од 48 милијарди долари. Договорот може да го намали бројот на компаниите кои се наоѓаат на врвот на американското здравство, од пет на три, пишуваа „Wall Street Journal“.

Се очекува „Anthem“ да плати околу 188 долари за акција на „Cigna“, велат лица запознаени со она што се случува. Зделката меѓу двете компании може да биде прогласена најрано веќе следната недела. Комбинацијата уште не е потпишана, а времето за тоа, како и условите, може да се променат.

Трансакцијата ќе биде склучена три недели по договорот на „Aetna Inc“ да ја купи „Humana Inc“ за 34 милијарди долари. За доказ за „манијата“ по спојувања и превземања меѓу компаниите, е тоа што „Cigna“ се наддаваше за „Humana“, но не успеа да ја задоволи највисоката понуда.

Единствената компанија меѓу петте најголеми здравствени осигурувачи, која не се вклучува во бранот на спојувања и превземања, или барем засега, е „UnitedHealth Group Inc.“. Компанијата е најголемата во секторот по обем на приходите.

Нема гаранции дека регулаторните тела ќе дадат согласност за некој од сојузите, а експертите навистина коментираат дека ќе треба да ги разгледаат внимателно и двете трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП