26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет демантираше дека купил остров

Бафет демантираше дека купил остров

bufet33

Американскиот милијардер Ворен Бафет, како „производ на измислица“ денеска ги демантираше натписите дека заедно со еден Италијанец купил еден остров кај Атина, информација која ја пренесоа грчките медиуми.

Бафет соопшти дека дури и не го познава Алесандро Прото, агентот за недвижнини, ниту со него или со негово посредство го купил островот Агиос Томас во Саронскиот залив.

„Пред веста да биде објавена, никогаш немам слушнато за тој тип (Прото) кој е извор на оваа информација“, вели Бафет.

Најпрво атинскиот таблоид „То Прото Тема“ во саботата ја објави веста за наводното продавање на островот, а потоа ја пренесоа некои новински агенции, а таа пристигна и до америнанскиот неделник „Њусвик“.

Дури потоа агенцијата „Ројтерс“ побара поединости за посредничката агенција за недвижности на Прота и добија одговор дека нивното претходно соопштение било погрешно пренесено.

Агенцијата „Прото Ентерпрајзис“ објасни дека „не соопштила дека Ворен Бафет купил остров во Грција, туку дека изразиле интерес да му понудат да купи остров“ и укажуваат дека тоа соопштение било – нивна реклама.

„Тоа што медиумите го пренеле на свој начин, тоа не е наша одговорност“, соопшти италијанската агенција.

Островот Агиос Томас е со површина од 121 хектар, а интернет страната на друга посредичка агенција (http://www.privateislandsonline.com/islands/st-thomas) се продава за 15 милиони евра.

Грчките и странските медиуми во истата вест за „купувањето“ од страна на Бафет, објавија дека остров во Грција купил и глумецот Џони Деп, но тој засега не се појави во медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП