9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите во Европа каде што туристите најчесто се жртви на измами

Земјите во Европа каде што туристите најчесто се жртви на измами

kradenje 20

Шпанија е земјата каде туристите најмногу стануваат жртви на измама во Европа, покажува новото истражување.

Повеќе од еден на секој пет Британци кои ја посетиле Шпанија во последната година, биле жртви на ситни злосторства од грабеж од крадци до таксисти кои наплаќаат премногу скапо, според прочуениот на британскиот финансиски сајт „Мoney.co.uk“.

Франција е рангирана на второ место по измами, а вкупно 15% од британските туристи кои ја посетиле земјата биле жртви на некој вид на измама. Челната тројка во ова непрестижно рангирање се оформува со Италија со 10%.

Велика Британија го зазема осмото место, поради тоа што 5% од туристите биле некако измамени.

Слично истражување минатата година покажа дека Барселона е град со најмногу слични измами во Европа, а потоа следуваат Париз и Рим.

Еве и кој се земјите, каде што туристите најмногу стануваат жртви на измама и процентот на измамените Британци:

1. Шпанија (21,5%)

2. Франција (14,8)

3. Италија (10,2)

4. Турција (8.4)

5. Австрија ( 8.1)

6. Грција (7.5)

7. Белгија (7%)

8. Велика Британија (5,4%)

9. Ерменија (4.4%)

9. Кипар (4.4%).

kradenj 21

Во студијата се испитуваат измами кои вклучуваат туристи кои се жртви на џепџии, плаќање на скриена туристичка такса при пристигнување во хотелот, дополнителни трошоци за ангажирање на автомобил, дрски улични продавачи, таксисти со „подуени“ тарифи и улични злосторства, вклучувајќи грабежи.

Истражувањето е спроведено меѓу 2.000 Британци кои патувале на различни европски дестинации во последните 12 месеци. Од „Money.co.uk“ откриле дека најчестата измама, со која се соочуваат Британците се „надуените“ цени на такси возилата, а 37% од учесниците во студијата се пожалија од тоа. На една третина (35%) пак платиле меѓу 11 и 15 фунти дополнителна туристичка такса при пристигнувањето во хотелот.

Булеварот во Барселона, Лас Рамблас одамна е познат како рај за крадци, а потоа Лувр во Париз, исто така се смета за едно од најпосетуваните места за слични кривични дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП