27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАD&B: Балканот во моментов е во најнестабилниот период во 21 век

D&B: Балканот во моментов е во најнестабилниот период во 21 век

Balkan-mountains-high-map

Западен Балкан во моментов е во најнестабилниот период во 21 век, оцени бонитетната куќа „D&B“(Dun and Bradstreet).  

Како што соопшти бонитетната куќа „Rating“, која ја застапува ,,D&B” во Србија и Црна Гора, стабилноста во регионот опаѓа, а Македонија, Босна и Херцеговина и Косово се во состојба на сериозна политичка криза.

Во јулскиот извештај на „D&B“ кој ги опфаќа ризиците за бизнис во 132 земји од светот, Србија е во групата на земји со висок ризик, а од европските земји друштво и прават Грција, Кипар, Казахстан, Азербејџан и Грузија.

Од земјите во регионот подобар рејтинг од Србија имаат Словенија и Хрватска, потоа следат Бугарија, Романија, Албанија, Унгарија и Македонија на која во јули и беше намален рејтингот поради политичката неизвесност.

Аналитичарите од „D&B“ во извештајот наведоа дека Македонија доживува масовни демонстрации, БиХ страда од низа меѓусебно поврзани кризи на власта и закани за отцепување, додека Косово е во состојба на политичко распаѓање и масовен егзодус на населението.

Се наведува дека надворешниот ризик на Западен Балкан дополнително е зголемен со делувањето на ЕУ и Русија и додава дека, и покрај своите внатрешни и економски проблеми, ЕУ не е повеќе во состојба да се наметне во регионот додека, од друга страна, Русија постигнува важна стратешка предност.

„Иако не постои непосредна опасност за враќање на немирите од 90-тите, кризата во регионот би можела да се пробуди, особено доколку се влоши стабилноста во Грција. Тоа може да има сериозни последици по Србија. Во БиХ и на Косово српските заедници се многубројни додека случувањата во Македонија можат да доведат до прелевање на големата заедница на албанското малцинство на Косово“, наведуваат аналитичарите.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар