17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВНИМАНИЕ: Нашите возила ќе бидат жртви на хакерски напади! (фото+видео)

ВНИМАНИЕ: Нашите возила ќе бидат жртви на хакерски напади! (фото+видео)

hak koli

Замислете дека возите по автопат и одеднаш Вашето возило започнува да ја пушта или запира климата, да покажува чудни пораки на инфо-системот или дури моторот да се исклучи. Првата помисла е дека станува за некој дефект, но во реалноста може да станува збор за хакерски напад.

Овој проблем станува се поголема реалност, а двајца компјутерски специјалисти демонстрираа дека веќе на патиштата има илјадници автомобили, кои се директно ранливи на хакерски напади.

Чарли Милер и Крис Валасек направија демонстрација за специјализираното технолошко списание „Wired“, во која извршија хакерски напад од далечина на нов „Jeep Cherokee“, додека тој се движи по автопатот.

Возачот на автомобилот е репортерот Енди Гринберг, кој знае дека ќе биде нападнат, но не знае кога и како.

hak koli1

„Единствено ми ветија дека нема да направат нешто да загрози нечиј живот“, коментира Гринберг.

Двајцата специјалисти можат да извршат напад на автомобил од далечина, додека се во домот на Милер. Тие откриле сериозна ранливост во безбедноста на „Jeep Cherokee“, кој веќе може да се види по патиштата затоа што е продаден во илјадници примероци.

Под целосна контрола

Ранливоста е поврзана со мултимедијалниот систем на возилото, преку кој може да се добие пристап до сите други системи од далечина преку интернет. За време на демонстрациите Милер и Валасек дури ја исклучуваат трансмисијата, оставајќи го „џипот“ да се движи по инерција.

Потоа демонстрациите ги преселија на празен паркинг. Таму двајцата покажуваат дека можат да го исклучуваат моторот, да ги активираат сопирачките од далечина или пак целосно да ги исклучуваат, кое завршува со „паркирање“ во ров. Специјалистите можат да ја преземат дури контролата на воланот, но засега само при движење наназад.

Двајцата велат дека не е задолжително сопственикот на автомобилот дури да разбира дека е жртва на хакери. Со нападот можат да се собираат само податоци за следење и прислушување. Ранливоста е достапна во околу 471 илјади возила на „Fiat Chrysler“ кои ја користат функцијата „Uconnect“, вели Милер.

hak koli2

Наскоро двајцата со Валасек ќе откријат повеќе детали, но ги ќе остават најважните детали скриени, за да се намали веројатноста од злоупотреби.

Добрата вест за сопствениците на автомобилите е дека експертите го информирале „Chrysler“ уште пред девет месеци, а во тоа време компанијата го има подготвено потребниот софтвер за надградба, кој веќе е на сајтот. За жал надградбата треба да се инсталира рачно од корисникот преку „USB“ меморија или од неговиот дилер. Тоа значи дека доста од сопствениците најверојатно нема и да разберат за проблемот или ќе го потценат и нема да го инсталираат ажурирањето.

„Ако луѓето не сфаќаат дека тоа е проблем, треба да го сфатат и да извршат притисок на производителите на автомобили. Таквите софтверски проблеми можат да убијат некого“, коментира Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП