5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар елиминиран од АПОЕЛ

Вардар елиминиран од АПОЕЛ

vardar95-apoel

Фудбалерите на Вардар го завршија својот настап во европските купови за оваа сезона. Иако не загубија во двомечот со АПОЕЛ , Кипраните ја минаа втората фаза благодарение на постигнатиот гол на гостински терен. Вардар, во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, одигра нерешено со АПОЕЛ во Скопје 1:1 (0:0).

Првиот меч на Кипар заврши без победник 0:0, па Вардар со многу оптимизам го дочека реваншот во Скопје. Сепак АПОЕЛ го покажа искуството, го наметна својот стил на игра, во поголемиот дел од мечот ја контролираше играта и успеа да се пласира во наредната рунда каде ќе игра против Митјиланд.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Де Винсенти на почетокот на 60-та минута од натпреварот. Стрелец за Верадар беше Љамчевски во 94.минута.

Тек на натпреварот:

Кипраните уште од самиот почеток притиснаа кон голот на Вардар и на истекот на првата минута Де Висенти повлече по левата страна, но неговиот налет го спречи Мијушковиќ.

Ваќе во наредниот напад Попов со упати дијагонала на десната страна но Гроздановски не успеа да ја иконтрлира топката.

АПОЕЛ продолжи со притисокот и во нарендите минути, а во 13-та Кипраните ја имаа првата стопроцентна шанса за гол, Виеира Вандер проби по средината упати длабинска топка кон Винциус кој од 15 метри упати удар кој Пачовски со прекрсна парада го исфрли во корнер.

Првата сериозна акција Вардар ја создаде во 24-та минута преку Фелипе кој убаво мина крај двајца играчи упати удар од 23-24 метри, кој заврши крај стаивата од голот на Ватерман.

Четири минути подоцна уште една серизна закана имаа вардаровите фудбалери, по слободниот удар на Блажевски Грнчаров од седум метри упати удар кој заврши на голот на АПОЕЛ.

Во 39-та минута италијанскиот арбитар Давиде Маса го покажа првиот жолт картон. Винциус со опструкција спречи да се развие полуконтрата на Вардар и заработи опомена.

Вардар изведе опасна кација во 40-та минута, Гроздановски проби по десната страна во шеснаесетникот го проигра Дашијан, Ерменецот му ја врати топката на Велковски кој од 18 метри биеше над голот.

Во претпоследната минта од првото полувреме ‘пожолте’ уште еден играч на АПОЕЛ, Сотириу доби жолт картон поради прекршокот врз Фелипе. По кипарскиот играч јавна опонема заработи и Гроздановски.

До крајот на првиот дел АПОЕЛ изврши дополнителен притисок кон голот на Вардар но резултатот остана 0:0.

Вардар во второто полувреме, односно на неговиот почеток, повеќе ја контролираше топката, не им дозволуваше на Кипраните да започнат напад и во 53-та минута Блажевски упати безопасен удар по средината на голот иако имаше и подобри решениа за да ја заврши акцијата.

Три минути подцна Попов одново упати дијагонала кон десната страна, Горздановски се обиде со глава да го проигра Блажевски но неговото додавање заврши во рацете на голманот на АПОЕЛ.

Во моментот кога Вардар имаше целосна контрола врз настаните на теренот Де Винсенти во60-та минута го замолкна „Филип Втори“. Најдобриот играч на АПОЕЛ Виеира Вандер повлече една топка низ средината го проигра Де Винсенти кој и избега на вардаровата одбрана и од 12 метри го совлада Пачовски.

Десетина минути му требаше на Вардар да се врати од шокот, кој го предизвика примениот гол. Претходно тренерот Андреев ја направи првата измена Стојков го замени Велковски.

Фелипе по една долга и течна акција на Вардар, во 68-та минута, упати удар од работ на шеснаесетникот но неговиот удар го изблокира Астиз па топката лесно ја скроти голманот Ватерман.

Две минути подоцна се закани Виеира Вандер, тој упати удар од 20-тина метри кој заврши крај голот на Пачовски.

Нова опасна ситуација пред голот на Вардар креираше стрелецот на голот Де Висенти во 75.минута, тој одново доби топка во шеснаесетникот на Вардар но неговото додавање кон Нектариос во последен момент во корнер го исфрли Намбарџумјан.

Нов опасен напад Кипраните креираа во 82-та минута Штилиќ нафрли од левата страна, а стрелецот на голот Де Винсенти се обиде со глава, но ударот заврши над голот на Пачовски.

Една минута подоцна во 100-отстотна гол шанса се најде Леал Луис, но во ситуација ‘еден на еден’ Пачовски со брилијантна интервенција го сочува својот гол.

Филип Ивановски во 90-та минута задоцни по нафрлувањето на Стојков.

Вардар израмни во 94-та минута, Љмчевски биеше од левата страна топката на патот кон голот закачи некој од дефанзивците на АПОЕЛ и заврши зад грбот на Ватерман.

Вардар: Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Намбарџумјан, Глигоров, Дашијан (од 79.минута Ивановски), Гроздановски од 70.минута Љамчевски), Велоковски (од 64.минута Стојков), Фелипе, Блажевски.

АПОЕЛ: Ватерман, Антониадес, Астиз, Винциус, Марио Сержо, Нуно Мигел, Макридис, Виериа Вандер (од 73.минута Нектариос), Сотириу (од 55.минута Штилиќ) , Де Винсенти (од 85.минута Јоану), Леал Луис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП