17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung повторно со најголемa продажба на смартфони во светот

Samsung повторно со најголемa продажба на смартфони во светот

smar t

Растот на глобалната продажба на смартфони е забавен до 1,9% во вториот квартал од годината и изнесува 304 милиони уреди, според податоците на консултантската компанија „TrendForce“.

Просечниот раст на кинеските производители бил 15,6% во разгледуваниот период до 126 милиони парчиња, благодарение на силната продажба поврзана со кинескиот „Ден на трудот“, се вели уште во анализата.

Од „TrendForce“ ги намалија прогнозите за раст на продажбата на „паметни уреди“ до 8.2% за оваа година, во однос на претходните кои беа 11,6%. Ова е далеку под регистрираниот раст во изминатата година во износ од 26.5%.

„Samsung“ си ја врати лидерската позиција од „Apple“, како најголем продавач на паметни телефони во светот во вторите три месеци од годината, а очекувањата се јужнокорејската компанија да продаде вкупно 45 милиони уреди во оваа година. Прогнозите се „Apple“ да ја поттикне продажбата за 15% во оваа година.

Слабата продажба на новиот модел на „LG – G4“, ги принуди експертите од „TrendForce“ да ги намалат прогнозите и за овој јужнокорејски производител до раст од 8% во оваа година.

„Huawei“ стана најпродаваниот кинески производител, а се очекува компанијата да регистрира продажбата во износ од 100 милиони уреди во оваа година. „Lenovo“ се очекува да регистрира пад меѓу 20 и 30% во продажбата за оваа година, така што ќе се најде на шестото во глобалната листа.

Другиот водечки кинески производител „Xiaomi“ се очекува да продаде 34 милиони смартфони во првата половина на годината, по проблемите поврзани со прегревање на новиот модел „Mi Note“. Па така компанијата се очекува да е многу далеку од целта за продажба на 100 милиони уреди за годината. Според прогнозите нејзината продажба ќе порасне за 15% или до 70 милиони единици.

Два други големи кинески производители – „OPPO“ и „VIVO“ се очекува да се тие што ќе забележат голема профитабилност во оваа година со раст на продажбата од над 30%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП