8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрва фотографија од серискиот Infiniti Q30

Прва фотографија од серискиот Infiniti Q30

slika prva

Изданието „Autowp“ ја објави првата официјална фотографија на серискиот хечбек „Infiniti Q30“, кој е изграден на шасијата на компанијата „Mercedes-Benz“. Дебито на моделот ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт во септември.

Во основата на моделот е платформата „MFA“ која „Mercedes-Benz“ ја користи во моделите „A-Class“, „CLA“ и „GLA“.

На изглед прототипот се доближува до индикации на концептуалниот модел од есента 2013-та година. Сепак, сериската верзија на „Infiniti Q30“ доби различен распоред на предниот браник со светлата за магла.

На фотографијата е прикажана верзијата „2.2d“ која ќе се потпира на 2,2-литарски дизел мотор на „Mercedes-Benz“. Претходно овој агрегат беше поставен на седаните „Q50“ и „Q70“, каде што нуди 170 КС и 400 Nm вртежен момент. Моторот се комбинира со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен автоматски.

Производството на „Infiniti Q30“ ќе биде насочено во фабриката во Сандерленд (ВБ), каде ќе стартува и составувањето на компактниот кросовер „QX30“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП