Пред точно 80 години во 1935-та година на автомобилскиот саемот во Прага, „ŠKODA 935 Dynamic“ ја имаше својата блескава премиера, денес овој прекрасен автомобил со прославува своето враќање во кругот на ексклузивни автомобилски легенди со аеродинамичен дизајн.
Ретката појава од Република Чешка беше една од ѕвездите на „Bensberg“ изложбата на класични автомобили. Замокот Бенсберг беше местото каде што „ŠKODA 935 Dynamic“ ја демонстрираше експертизата во дизајнот и совршената конструкција на производителот на автомобили од Млада Болеслав.
Во 1930-тите години од минатиот век, „ŠKODA“ беше еден од пионерите во областа на оптимизирање на автомобилската аеродинамика. Како резултат на таа експертиза беше производството на овој уникатен автомобил кои прикажува дополнителни технички и дизајнерски иновации. Во април 1935-та година, „ŠKODA 935 Dynamic“, го привлече вниманието на посетителите на автомобилскиот саемот во Прага поради нискиот коефициент на отпор.
„ŠKODA 935 Dynamic“ во свое време значително придонесе кон развојот на автомобилската индустрија, моделот го претставува експериментирањето во дизајнот и инженеринг од 1930-тите.
Конструкторите на „Škoda“ успеа да постигнат релативно лесен автомобил во тоа време со помош на комбинација од алуминиум и челик. Поставување на моторот е уште една иновација, кој е позиционирани под задната оска. Погонскиот систем се состои од рамен четири цилиндричен боксер мотор со водено ладење и со работна зафатнина од 1.995 cm3 со моќност од 40 kW / 55 КС.