18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најголемата машина во светот (фото+видео)

Ова е најголемата машина во светот (фото+видео)

masina

Железничкиoт транспорт останува еден од најевтините и најсигурните во светот. Се разбира, патниците немаат слобода при патување со автомобил, но со овој транспорт времето за возење може да се користи за читање, игри или едноставно одмор.

Застарената железничка мрежа е проблем речиси секаде во светот. Затоа денес ќе ви ја покажеме една од најголемите машини во светот (која барем ние сме ја виделе).

masina 1

Нејзиното име е „RU800 S“ и е производ на австриската компанија „Plasser und Theurer“, заедно со градежната „Swietelsky“.

Што треба да знаеме за „RU800 S“? Таа е долга 177 метри, што е повеќе од Кеопсовата пирамида. Кога е со чакал и греди, машината тежи околу 650 тони, што е околу 300 пати поголема од тежината на „Mercedes G-Wagon“.

masina 2

Главната дејност на машината е замена на старата железничка пруга, а со едно полнење може да се обнови 2 км мрежа. На секој час капацитетот и е точно 200 метри.

Простата математика е дека „RU800 S“ може да ја замени целата железничка мрежа во Македонија за 192 дена, која според податоците изнесува 925 километри, нормално доколку оваа мажина работи 24/7. Доколку во просек се работи по 8 часа дневно, тогаш за обнова на железничката мрежа во нашата земја ќе бидат потребни 578 дена или речиси две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП