2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ16-гигабајтните iPhone уреди заминуваат во историјата!

16-гигабајтните iPhone уреди заминуваат во историјата!

16 gb iphone 33

Гласините поврзани со можноста „Apple“ да ги отфрли 16-гигабајтните „iPhone“ уреди од својата понуда не се нови. За тоа бевме во можност многу пати да читаме на Интернет.

Но, се чини дека „Apple“ конечно е подготвен да го испрати 16-гигабајтниот модел во историјата и тоа веќе оваа есен за време на претставување на „iPhone 6S“ моделот. Овие информации пристигнуваат од фабриката на „Foxconn“.

Имено во нивниот извештај стои наведено дека на пакувањата за „iPhone 6S“ ја нема ознаката од 16 GB, туку само оние за 32, 64 i 128-гигабајтните модели. Кога ќе се земе во предвид дека меѓу „Samsung“ и „Apple“ трае вечна „војна“, па со „Galaxy S6“ и „Samsung“ го отфрли 16-гигабајтниот модел од понудата, а како основен го постави оној со 32 GB интерна меморија, за очекување е истиот рецепт да го примени и „Apple“.

Ваквата одлука корисниците со сигурност ќе ја поздрават, особено ако се земе во предвид дека со секој нов модел и можностите на камерите се подобри, а со тоа и желбата за поголем простор за чување податоци е се поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП