6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis забележа послаба добивка поради силниот долар

Novartis забележа послаба добивка поради силниот долар

novartis

„Novartis AG“, најголемиот производител на лекови во светот, забележа пад на добивката во вториот квартал, откако силниот долар негативно влијаеше на продажбата, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката забележа намалување од 32% до 1,86 милијарди долари, или 0,77 долари по акција, за кварталот кој заврши во јуни, во споредба со 2,72 милијарди долари од минатата година.

Главната добивка која не вклучува еднократни ефекти, опадна за 8% до 3,07 милијарди долари. Оценката на аналитичарите беше за 3,12 милијарди долари.

Главниот оперативен профит во долари е намалена до 3,59 милијарди долари, изјави швајцарската компанија. Резултатите се во согласност со просечната оценка од 3,58 милијарди долари на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“. Компанијата ги намали прогнозите за делот за нега на очите „Alcon“ и го зголеми оние за сопствениот бизнис за генерички лекови „Sandoz“.

Валутни флуктуации соборија 0,9 процентни поени од профитот, поткопување на напорите на главниот извршен директор Џо Хименез да се подигне профитабилноста по реструктуирањето на компанијата во вредност од 30 милијарди долари. Во март гигантот се ослободи од бавно растечкиот бизнис за лекови за животни и го купи производителот за лекови против рак „GlaxoSmithKline Plc“.

„Novartis“ ја потврди годишната прогноза за раст од едноцифрена стапка на вкупните оперативен профит и продажба, без да се земат предвид девизните ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП