1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка АД Скопје Супербренд за 2015/2016 година

Комерцијална банка АД Скопје Супербренд за 2015/2016 година

komercijalna-banka22

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на супербренд сертификатот за 2015/2016 година во Република Македонија, доделен согласно одлуката на стручен совет составен од претставници на маркетинг индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора и сопственици на препознатливи и докажани брендови.

Напорите на Банката да создаде бренд кој креира емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив, резултираа со идеја и коцепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност.

„Изборот на Банката за Супербренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата Банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи креирани согласно нивните потреби“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП