8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla подготвува нов Roadster

Tesla подготвува нов Roadster

roadster tesla

Успехот на „Model S“ го отфрли во втор план претходниот електричен автомобил „Tesla Motors“ – „Roadster“. Сепак, овој модел се враќа во игра по најавата дека новата генерација ќе биде претставена до 2019-та година.

Oргиналниот „Roadster“, заснован на „Lotus Elise“ е лансиран во 2006-та, како прв продукциски модел на „Tesla Motors“.

Иако производителот продолжи да го подобрува, „Roadster“ не беше премногу популарен, а од 2012-та, кога на пазарот се појави „Model S“, речиси беше и заборавен.

Меѓутоа, првиот човек на „Tesla Motors“, Илон Маск, не се откажува од својот прв електричен модел.

roadster tesla1

Тој најави дека во рок од четири години ќе претсави наследник кој ќе биде „целосно нов автомобил“.

Дотогаш гамата на електрични автомобили со знакот на „Tesla“ би требало да се состои од три модели. На постоечкиот „Model S“ ќе му се придружат кросоверот „Tesla X“ и помалата лимузина „Tesla 3“.

Како четврт модел во семејството, „Roadster“ би требало да го засили имиџот на компанијата на полето на спортски електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП