6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна Galaxy Tab S2 во две различни верзии на екранот

Пристигна Galaxy Tab S2 во две различни верзии на екранот

nov tab 333

„Samsung“ претстави два нови таблети со кои се обидува да го прошири својот асортиман и да го промени малку нејзиниот фокус. Моделите се „Galaxy Tab S2 8.0“ и „Galaxy Tab S2 9.7“.

Нивните имиња укажуваат  дека тие користат соодветно 8-инчен и 9.7-инчен дисплеј. Всушност тоа е и главната разлика помеѓу двата уреди. Другата е дека природно, постариот модел има и малку поголема батерија – 5870 mAh, напроти 4000 mAh.

Резолуцијата на екранот е иста – 2048х1536 пиксели. Оперативната меморија на таблетите е 3GB, а процесорот е „Exynos 5433“ на „Samsung“ со осум јадра и графичкиот процесор „Mali T760MP6“.

Двата таблети се помали од своите претходници, што според „Samsung“ ќе ги направи поудобни за работа. Форматот на дисплеите е 4:3, исто така со таа цел. Тие користат и хардвер сличен на „Galaxy Note 4“ со дополнителни оптимизации, целта е да се постигне максимална ефикасност.

nov tab 334

Уредите располагаат со 8 МР камера на задниот капак и 2.1 МР на предниот. Интересно е дека не поддржуваат снимање со 4K резолуција.

Рамката на куќиштето е метална, но самиот панел на грбот е пластичен, се со цел да се намали тежината на уредот. Според компанијата овие лесни промени ќе бидат доволни за да може уредите да се погодни за работа и забава. Засега „Samsung“ не ги наведува нивните цени, но може да се очекува тие да се слични со оние на претходните модели – односно меѓу 400 и 500 долари.

Уредите ќе функционираат со оперативниот систем „Android 5.0 Lollipop“. Tаблетите содржат и голем број на сензори (акцелерометар, скенер за дигитални отисоци…), систем за глобално позиционирање „GPS“ и поврзување со мрежите 2G / 3G / LTE. Според информациите, овие уреди ќе бидат понудени во две бои, бела и црна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП