22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPorsche повторно ги менува моторите на 911 GT3

Porsche повторно ги менува моторите на 911 GT3

gt3 model 3

Компанијата „Porsche“ за втор пат во последната година ќе ги замени моторите на моделот „911 GT3“.

Ова го пишува весникот „Car&Driver“, според кој сопствениците на овие автомобили веќе биле известени за намерите на производителот.

Според информациите со замена на моторите ќе бидат ангажирани сите сервисните центри на „Porsche“. Причините за сервисната акција не се објавени, но е познато дека на поправка ќе бидат испратени 10 возила, а 4 од нив се користат на патеката „Нирбургринг“.

Во февруари 2014-та година „Porsche“ ги повика во работилниците сите продадени „911 GT3“ примероци, откако неколку од автомобилите изгореа во текот на возењето. Месец подоцна се покажа дека проблемот е во монтирањето на моторите и сите тие беа заменети.

Еден од сопствениците на таков автомобил беше и поранешниот водител на „Top Gear“ – Ричард Хамонд, кој откри дека германскиот производител му забранил да го вози автомобилот токму поради проблемот со агрегатот.

„Porsche 911 GT3“ се потпира на атмосферски 3,8-литарски мотор, чија моќност е 475 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,5 секунди, а максималната брзина е 315 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП