17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпанијата Marshall го претстави својот прв смартфон (фото+видео)

Компанијата Marshall го претстави својот прв смартфон (фото+видео)

marsal telefon

Компанијата „Marshall“ која е позната по производство на слушалки, засилувачи и други технички материјали за музичкиот бизнис, го претстави својот прв паметен телефон.

Смартфонот се нарекува „London“ и целосно се фокусира на квалитетното слушање музика. Во однос на техничките карактеристики, уредот е со карактеристики својствени за смартфоните од ниската ценовна класа.

marsal telefon2

Тој е со 4.7-инчен дисплеј со „HD“-резолуција, 2 GB RAM меморија, процесор „Snapdragon 410“ и батерија со капацитет од 2.500 mAh. Задната камерата на уредот е 8 мегапиксели, а предната – 2 мегапиксели. Оперативниот систем на смартфонот е „Android Lollipop 5.0.2“.

Копчињата за контрола на звукот се заменети со копче кое се врти за подесувале на силата. За најдобар квалитет на звукот смартфонот располага со два предни звучници, како и два одделни аудио-влезови.

marsal telefon1

Според производителот, тоа ќе е смартфонот со најсилниот звук во светот, кој ќе биде доста флексибилен за подесување, во предвид на фактот дека двата звучника имаат посебни копчиња за јачината на звукот.

Смартфонот е опремен и со аудио апликации како „DJ-APP“ и „LoopStack“. Според информациите се очекува неговата цена да биде околу 600 долари, или околу 50 долари под цената на другиот смартфон наменет за љубителите на музика – „HTC One M9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП