2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки отворени, ограничувањата останаа, ДДВ-то зголемено за 10 отсто

Грчките банки отворени, ограничувањата останаа, ДДВ-то зголемено за 10 отсто

grcki banki 33

По три седмици грчките банки во понеделник изутрина повторно се отворени, но ограничувањата за подигнувања на готовина останаа непроменети, со тоа што сега е воведен неделен лимит од 420 евра, наместо дневниот од 60 евра.

Првиот ден од новата седмица донесе и нови стапки на данок, па така ДДВ-то за бројни производи и услуги зголемен е од 13 на 23 отсто.

Германскиот синџир Lidl во неделата објави огласи во грчките медиуми во кои ја информира јавноста дека порастот на ДДВ-то нема да се одрази на потрошувачите и дека цените на неговите производи остануваат непроменети.

Атина со меѓународните кредитори минатата недела постигна договор со кој ќе спроведе остри мерки на штедење во замена за финансиска помош.

ДДВ-то од 13 отсто остана непроменет за хотелите, а за лекови, книги и влезници на културни настани е намален на шест отсто.

Владата се надева дека измените на даночните стапки ќе донесат годишен приход од 2,4 милијарди евра.

Грчките банки беа затворени на 29-ти јуни, а пред банкоматите секојдневно имаше огромни редици.

Грците ќе можат повторно да ги користат своите кредитни картички во странство.

Исклучок е направен во контролата на протокот на капиталот кој е на сила од 29-ти јуни, со што ќе бидат дозволени парични дознаки во износ до 5.000 евра квартално за младите.

Грци кои студираат во странство, а за лекување вон државата, грчки државјанин ќе може да изнесат 2.000 евра.

Во останатите подрачја контролата на капиталот останува иста, тоа значи дека Грците не смеат да префрлаат пари во странство, ниту да изнесат од државата поголема количина на пари во готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП