20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнтел објавува приход за вториот квартал од 13.2 милијарди долари, конзистентен со...

Интел објавува приход за вториот квартал од 13.2 милијарди долари, конзистентен со предвидувањето

intel baza20

„Резултатите во вториот квартал покажаа на трансформацијата на нашиот бизнис во растот кај центрите за податоци, меморија и IoT, кој изнесува повеќе од 70 проценти од нашиот оперативен профит и помогна да се надоместат предизвиците на пазарот”, изјави извршниот директор на Интел, Брајан Крзанич.

„Продолжуваме да бидеме сигурни во нашата стратегија за развој и се фокусираме на иновации и извршување. Очекуваме лансирање на Skylake, Windows на Microsoft 10 и нови OEM системи кои ќе донесат возбуда кај клиент-компјутерите во втората половина на 2015-та година“, додава Крзанич.

Преглед на новостите:

– Приход од 13.2 милијарди долари конзистентен со предвидувањето, бруто маржа од 62.5%, малку подобро од предвидувањето.

– Client Computing Group оствари приход од 7.5 милијарди долари, зголемување за 2 проценти секвенциално и намалување за 14 проценти од година во година.

– Data Center Group оствари приход од 3.9 милијарди долари, зголемување за 5 проценти секвенциално и зголемување за 10 проценти од година во година.

– Internet of Things Group оствари приход од 559 милиони долари, зголемување за 5 проценти секвенциално и зголемување за проценти од година во година.

– Software and services оствари приход од 534 милиони долари, рамно секвенциално и намалување за 3 проценти од година во година.

– Квалификуван Intel 6th Gen Intel® Core™ поцесор (“Skylake”) во производство, што ќе испорача возбудливи нови искуства кај персоналните компјутери во втората половина од 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП