8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLVMH пушта конкурент на Apple Watch за 1.400 евра

LVMH пушта конкурент на Apple Watch за 1.400 евра

saat lvmh

Францускиот производител на луксузни стоки „LVMH“ ќе пушти конкурентен производ на „Apple Watch“, кој ќе чини 1.400 евра, откри Жан-Клод Биве, претседател на единицата на „LVMH“ за часовници, пренесува „Ројтерс“.

„Apple Watch“ се нуди во три линии, а нивните цени почнуваат од 400-500 евра, просечниот модел е околу 700-1.250 евра, а луксузниот се продава за околу 11.000 – 18.000 евра, покажуваат информациите во германската онлајн продавница на „Apple“.

Првичните податоци за продажбата во САД покажуваат дека „Apple Watch“ не бележи толку добри резултати со појавувањето на пазарот во април, што делумно се должи на недостигот на часовници, како и на фактот дека поголем дел од корисниците го преферираат најевтиниот модел „Apple Watch Sport“.

„LVMH“, која ги поседува брендовите на часовници „Zenith“, „Hubloth“ и „Tag Heuer“, го поздрави доаѓањето на „Apple Watch“, бидејќи пазарната моќ на бренд како „Apple“ ќе придонесе за создавање на нова класа љубители на луксузни часовници, коментира Биве.

Според него делот на „LVMH“ за часовници се фокусира на освојувањето на удел на пазарот и ќе се обиде да ги наметне „Tag Heuer“ и „Hublot“ на пазарот во Кина.

„LVMH Watches“ генерира само 5% од приходите во Кина, наведува Биве. Идејата му е „Tag Heuer“, кој е познат како луксузен бренд на часовници во категоријата од 6.500 евра, да се фокусира на производство на часовници кои ќе чинат меѓу 1.500 и 4.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП