Според информациите кои се појавија на интернет страната „DigiTimes“, „Microsoft“ во скоро време ќе се обиде да оствари поголема присутност на пазарот „entry-level“ на паметни телефони кои ќе имаат можност за поврзување со „LTE“ мрежите.

Во соработка со компанијата „Qualcomm“ планирано е претставување на неколку „entry-level“ паметни телефони „Windows Phone 10“ кои ќе се продаваат по цена од само 80 долари.
Таквите евтини уреди ќе користат процесор „Qualcomm Snapdragon 210“ со четири „Cortex-A7 CPU“ јадра и „Adreno 304“ графика, кој подржува 720p екрани, 8-мегапикселна камера, снимање и репродукција на видео содржини со 1080p, како и хардверска поддршка за „H.265“ алгоритам за енкодирање на видеа.
Тука е и „Bluetooth 4.1“, „802.11n Wi-Fi“, како и поддршка за „LTE“ мрежи.
Овие уреди најверојатно ќе се појават на пазарот во текот на четвртиот квартал од оваа година.