26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan е најпродаваниот азиски бренд во Европа

Nissan е најпродаваниот азиски бренд во Европа

Nissan-Qashqai-Nismo

Најпродаваната азиска автомобилска марка во Европа е „Nissan“, објавија од страна на јапонската компанија, а прецизираат дека во првото полугодие реализирале повеќе продажби од „Toyota“ и „Hyundai“.

За периодот од јануари до јуни 2015-та година, „Nissan“ има продадено на Стариот континент вкупно 384.726 нови автомобили, што претставува раст од 4,3% во однос на минатата година.

Главен двигател на продажбата биле Бестселерот на брендот, „Qashqai“ и електричниот „Leaf“, благодарение на кои пазарниот удел на „Nissan“ во Европа веќе достигна 4,2%.

Што се однесува до најуспешните пазари, тоа се Велика Британија (88.000 продажба и раст од 34%), Шпанија (раст од 18%) и Германија (раст 11%), покажуваат информациите.

Рекорден пазарен удел за брендот е постигнат во Франција и Велика Британија, а од јапонската компанија очекуваат растот на европските пазари да продолжи во втората половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП