ТЕХНОЛОГИЈА

Соларен панел со кој може да се полни вашиот телефон (видео)

solar polnac

Батериите на телефоните тешко успеваат да издражат целодневна употреба, па многумина и не се осудуваат да го напуштат домот без полнач.

Меѓутоа, инженери од Чикаго измислиле супертенки, лесни соларни панели кои се нарекуваат „Solar Paper“ и кои можат да го наполнат „iPhone 6“ зa само 2.5 часа.

„Solar Paper“ e производ на компанијата „Yolk“ која стартуваше „Kickstarter“ кампања со цел да собере средства за негово производство.

Овој уред пристигнува во четири верзии – 2,5W, 5W, 7,5W i 10W во зависност од уредот со кој се поврзува. „Петката“ се полни за три часа, дури и кога е облачно, додека „десетката“ се препорачува за таблети, кои може да се наполнат за 4.5 часа.

Секој панел има димензии 9cm x 17cm x 1.5cm, тежок е 60 грама и има дебелина од 1,5 милиметри.

Исто така, опремен е со „LCD“ екран кој ја прикажува количината на енергија која „Solar Paper“ ја создава во реално време.

Кампањата на „Kickstarter“ стартуваше на 20-ти август и собра 286.109 долари, што е скоро шест пати повеќе од потребната сума.

Сите верзии би требало да започнат да се испорачуваат ширум светот почнувајќи од октомври.