24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и Работнички ги дознаа можните противници

Вардар и Работнички ги дознаа можните противници

zdrepki

Фудбалерите на Вардар и на Работнички ги дознаа имињата на потенцијалните противници во европските купови, доколку успеат да го минат второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа.

Вардар во првиот меч со АПОЕЛ на Кипар одигра 0:0 и пред реваншот во Скопје има активен резултат. Доколку го минат кипарскиот шампион, „црвено-црните“ во третата рунда како можни противници ги имаат Макаби, Малме, Жалгирис, Молде, Митјиланд, Видеотон…

Резултати од првите мечеви на можните противници на Вардар:

Хибернианс (Малта) – Макаби Тел Авив (Израел) 2-1

Малме (Шведска) – Жалгирис (Литванија) 0-0

Молде (Норвешка) – Пјуник (Ерменија) 5-0

Митјиланд (Данска) – Линколн (Гибралтар) 1-0

ТНС (Велс) – Видеотон (Унгарија) 0-1

Работнички во четвртокот загуби во Летонија од Јелгава (1:0), а доколку во реваншот во Скопје избори пласман во наредната рунда, во третото коло можни противници му се Трабзон, Атлетик Билабо, Кубан, Хајдук или Копер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП