19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson објави повисоки резултати за кварталот од очекуваното

Ericsson објави повисоки резултати за кварталот од очекуваното

erik 33

Производителот на телекомуникациска опрема „Ericsson“ објави дека бизнисот со широкопојасен интернет во Северна Америка се стабилизира. Компанијата забележа повисока продажбата и оперативен профит од очекуваниот од аналитичарите за вториот квартал, благодарение на мрежниот бизнис, пренесува „Ројтерс“.

Оперативната добивка на компанијата достигна 3,6 милијарди шведски круни (422 милиони долари), во споредба со 4 милијарди круни во истиот квартал од претходната година. Сумата е доста над средната прогноза на аналитичарите за 2,8 милијарди круни.

Оперативната маргина во клучната мрежна единица која донесе малку над половина од продажбата во минатата година, достигна 8%, откако во првиот квартал беше само 2%.

Продажбата на „Ericsson“ за периодот изнесува 60,7 милијарди круни, што исто ја надминува консензус прогноза на аналитичарите за 58,6 милијарди круни. Бруто маржата е 33,2% кај прогноза за 34,7%.

Растот на трговијата со податоци во мрежите на телекомуникациските оператори помогна за продажбата и профитот да се зголемат на најголемиот пазар на компанијата, по досега најслабиот старт на годината, иако бизнис активноста е послаба во однос на една година претходно, посочуваат од „Ericsson“.

Компанијата нагласува дека „4G“ мрежите во Кина се развиваат со брзо темпо. Освен тоа „Ericsson“ ужива силен раст во продажбата во Блискиот Исток и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП